Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

Серијата на презентации ја продолжуваме во петок (17.02.2023), во 20ч., со презентација и разговор за уметничкиот проект „Заедно дишеме“ на уметницата Симона Манчева во КСП Центар- Јадро.

„Заедно дишеме“ е партиципативен, колаборативен проект на уметницата Симона Манчева кој покренува прашања за начинот на кој живееме и се однесуваме спрема природата.

Првата етапа од овој проект се одржа помеѓу 5 и 8 август, 2022 година со четиридневна уметничка работилница за креирање ‘лендарт’ во месноста Лавчани, во близина на Велес.
.‘Лендарт’ е уметничко движење кое се појавило во 60-тите и 70-тите години на минатиот век преку креирање уметнички дела со користење природни материјали на отворен простор. Движењето било карактеризирано со алтернативен пристап кон уметничките практики кои ги поврзувале природата и културата преку одржливата уметност

Во работилницата учествуваа уметниците: Ана Трајковска, Ристо Јосифовски-Ромбо,, Доротеј Нешовски, Елче Димова Пантелиќ, Славица Јапиданова, и волонтерите: Уна Стошиќ, Викторија Чочева, Влатко Илов, Николинка Лазиќ, Верица Чочева, Дарко Стојанов кои заедно со логистичка подршка од Елена Данова..

Втората етапа кој се состоеше од серија на работилници се оддржа од 16 до 26ти , 2022 година во НВО Инфо-Центар – Кавадарци и градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во соработка со Општина Кавадарци и секторот за хортикултура.

Симона Манчева [1989] е визуелен уметник. Магистерски студии има завршено на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините уметнички интереси се темелат на согледување на фиктивната реалност и уште повеќе фиктивен морал во општествата. Преку нејзините уметнички истражувања, таа се обидува да ги прикаже и сруши нашите ограничени предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода и во исто време ја развиваат свеста на луѓето за остварување на нивните права и задоволување на нивните потреби. Целите на нејзината практика се родовата и половата дискриминација, наследените стереотипи, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, разновидноста и варијациите на луѓето и нивните тела. Преку нејзината уметност, таа сака да ги преиспита и да интервенира во овие општествени конструкции, да ги разбере контрадикциите и стереотипите кои произлегуваат од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.