Во Кинотека на Македонија, денеска со почеток во 13. 30 часот ќе биде презентиран протектот „Г-ѓа и Г-ца Х / Mrs. & Ms. X“ од македонската ликовна уметница Мариjа Павловска.
Како што појаснува авторката, станува збор за најновиот проект – циклус изработен во последните седум години кој вклучува 2000 цртежи – дигитални дела и е поддржан со видео-проекција – инсталација.
Проектот беше поканет и претставен на три водечки биеналиња: XIII биенале во Фиренца 2021, Остен-биенале на цртеж – Скопје 2022 каде што понесе и награда за оригинално дело Концепт и 59-тото Венециско биенале 2022 – Контекст, Европски културен центар, информира Павловска. Таа појаснува дека е издадена и монографија за овој проект поддржана од „Mana Contemporary Museum“ од САД, во која е објаснет целиот процес на создавање на проектот – од работата во ателјето и делата, како и претставувањето на Биеналето во Фиренца, Остен-биеналето на цртеж и Европскиот културен центар – Биенале во Венеција.
Проектот “Mrs. & Ms. X” е најновиот проект – циклус изработен во последните 7 години и вклучува 2000 цртежи – дигитални дела и е поддржан со видео проекција – инсталација.
„…Идејата за женственост инспирираше и поттикна разлики од најважните уметнички и литературни креации во историјата на човештвото. Или како идеализиран концепт или поим подложен на промени со општествените и културните движења, концептот еволуираше и предизвика повеќекратни размислувања. Уметникот Марија Павловска обрнува внимание на континуираното редефинирање на женственоста низ историјата и ги открива своите сознанија во видео-проектната инсталација „Госпоѓа и г-ѓа Икс“…“, ќе објасни кураторот на Европскиот Културен Центар Брит Елвира Рујтенберг
Видеото (кое е дел од изложбата) со звукот и подвижните слики – само визуелно го надополнува моментот на повеќедимензионалнот и комплексност на жената и нејзината трансформација. Моментот на трансформација во овој проект има универзално значење зашто еднакво важи за трансформацијата на жената во текот на нејзиниот живот во оваа, земна димензија, како и за трансформацијата на жената во текот на целата историја на човештвото…, ќе објасни Корнелија Конеска, Куратор на ОСТЕН Биенале на Цртеж.
Марија Павловска е современа уметница во подем, активна во првата половина на 21 век со две и пол децении континуирано присуство на европската современа уметничка сцена и активно присуство на меѓународно ниво во САД и Азија. Од Скопје до Љубљана, Белград, Виена, Берлин, Париз, Њујорк, Манила, Мајами, Венеција и Фиренца, носечките теми на нејзината уметност се поларизација и глобализам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.