Во КСП Центар – Јадро, утре (четврток) со почеток во 20 часот ќе се одржи презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска.
Оваа презентација е дел од новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, а започнува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Изложбата „Човеколики неволји“(„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен ументички проект(видео, звучен пејзаж, инсталација) која се отвори вчера, ќе имате можност да ја погледнете секој ден до овој петок (17.02.2023) од 10 до 20 часот.
Човеколики неволји е партиципативен уметнички проект кој го препознава пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот и се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта.
Проектот го реализираше уметницата Ивана Мирчевска, а учествуваа: Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.