Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ („Landscape Experience“) на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска од 59. Венециско биенале 2022 вечер ќе биде поставен во објектот Чифте амам.
Националната галерија на Македонија како координатор на проектот ќе го претстави пред македонската јавност. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими.
„Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот.
Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ – Младенов, а ќе биде поставен во Чифте амам се до 30 април 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.