На 23 jули во Софија, Бугарија се одржа меѓународна конференција за проектот „Мобилна евтина дигитализација на домашни филмски формати-МобиРеел“. На Конференцијата „Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови“ беа претставени најсовремените иницијативи во областа на евтина дигитализација на винтиџ филмови, вредноста во таканаречените домашни филмски формати како 8мм, супер 8мм, VHS итн, соопштија од Кинотека.
Како дел од Кинотеката на Македонија, која е еден од петте партнери во овој проект, на конференцијата учествуваа: филмологот Миранда Ала Речи со презентација на тема: „Важноста на филмската каталогизација“ и вишиот филмолог Дамјана Патчева со презентација на тема: „Транзицијата на филмот низ историјата “.
Со свои презентации на оваа конфереција учестуваа и говореа експерти и стручни лица од филмските архиви, организации и центри кои се занимаваат со заштита на филмското наследство. Говорници на конференцијата беа и е Хајди Фиал од Филмскиот Архив во Австрија (Filmarchiv Austria), Ражван Унгуреану од Националниот Филмски Архив на Романија (Arhiva Nationala de Filme), Паул Марие од Германската кинотека (Stiftung Deutsche Kinemathek), Мерлин Вајер од Интернет Архив ( иnternet Archive), Леонардо Чиарглионе од МПАИ, Италија (Moving Picture, Audio and Data Coding by Artificial Intelligence (MPAI) и други.
На конференцијата беа презентирани и резултатите од проектот МобиРеел и развиените ресурси. Сите резултати од проектот може да се видат на платформата www.mobireel.eu, каде што истотака е достапна и европски сертифицираната обука за дигитизализација, додека пак на Youtube каналот каде што може да се видат видеата снимени со цел презентирање на резултатите од проектот.
Проектот е дел од програмата ЕРАСМУС плус, поддржан од Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.