Во рамките на Фестивалот на монодрама во Битола, денес ќе бидат изведени претставите: грчката „МЕДЕЈА-Црвена Празнина“ и македонската „Сите најубави работи“.

„МЕДЕЈА-Црвена Празнина“ е по мотиви од  Еврипид, а во продукција на Театар 1+1=1   Театарска Компанија, Атина Грција. Драматизација и  режија: Софија Дионисопулу, актер: Деспина Сарафеиду. Истата ќе биде изведена на Новата сцена од 20 часот. Претставата се базира на пред-Еврипидските верзии на митовите. Децата не се убиени. Тие се жртвувани за Хера да стане бесмртна и на тој начин, тие се спасени од гневот на Коринтијаните. Текстот е лирски монолог напишан за актерка и изведен како поема.

Од 21.30 на Големата сцена ќе биде изведена „Сите најубави работи“ на ОХО Продукција,Скопје. Продуцент е Пеце Талески, режија Дејан Пројковски, игра Иван Ангелов. Драмата ”Every Brilliant Thing“ на Данкан МекМилан ја повлекува завесата за тоа како е да се биде дете на родител, кој поминува низ тешки животни моменти и колку сме потребни за оние што ги сакаме. Публиката е вклучена цело време, во интеракција со актерот и со тоа се засилува врската, се создава интимност и длабока врска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.