Како дополнителна програма во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, утревечер, 23 јули, во вторник, ќе се одигра театарска претстава „Веселинови“ во Сули ан со почеток во 20:30 часот.

Претставата е комедија, во продукција на Драмско студио „Бронзена наметка“ – Штип.

Играат: Оле Поцкова (Весела) и Игор Стојанов – Баркли (Веселко). Претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. Интерпретација на песна на Нела Гегова.

Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.