Претставата „ Кенди“ на театарот Златен Елец, ја освои наградата „Биш “, што ја доделува фестивалот Млад отворен театар за најдобра претстава од независната домашна продукција. Зад оваа одлука стои меѓународното жири во состав: Сашо Огненовски од Македонија, Маја Митиќ од Србија и Доротеа Подолски од Хрватска.

„Кенди“ е во режија на Тамара Стојаноска. Таа е и авторка на адаптацијата направена според романот на Лук Дејвис „ Кенди: роман за љубовта и зависноста“. Оваа дуодрама зборува за зависноста на младите од дрога. Во неа играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

Наградата „Биш“ фестивалот МОТ ја додели по втор пат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.