На сцената не Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер во рамки на програмата на 19-oт Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2022“ ќе биде изведена претставата „Ифигенија“ според Еврипид, во режија на Зоран Ракочевиќ.

Претставата е настаната во копродукција меѓу „Корифеј театар“, Центарот за култура „Колашин“ и Центарот за култура „Бијело Поље“ од Црна Гора. Претставата е во официјална селекција за една од наградите на фестивалот.

По претставата во 21:30 часот ќе се одржи тркалезна маса „Во нови слики“.

Вечерашната програма на ИФАД „Стоби 2022“ ќе почне во 19:45 часот со изложба на театарски фотографии насловена „Маски“ на авторот Филип Цветковиќ од Србија, како придружна програма.

Билетите за претставата може да се набават на касата на театарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.