НЕМА ДА СИ САМА (You won’t be alone) од вечерва е на програмата на Кинотека на Македонија.

Сите термини:

19 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

20 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

26 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

27 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

Игран филм, Австралија / В. Британија / Србија
2022, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Улоги: Нооми Рапас, Анамарија Маринка, Елис Енглерт, Карлото Кота, Феликс Марито, Сара Климоска, Арта Доброши, Верица Недеска, Камка Тоциновски (Noomi Rapace, Anamaria Marinca, Alice Englert, Carloto Cotta, Félix Maritaud, Sara Klimoska, Arta Dobroshi, Verica Nedeska, Kamka Tocinovski)
Дејствието на овој хорор-трилер филм се случува во изолирано планинско село во 19-ти век во Македонија. Младата девојка Невена е киднапирана и преобразена во вештерка од страна на прастар дух. Таа случајно убива една селанка и го зема нејзиниот лик за да види како се живее во туѓа кожа. Љубопитноста ѝ се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек. Приказната делумно била инспирирана од старата идеја дека вештерките може лесно да се претвораат во други луѓе или животни.
НЕМА ДА СИ САМА досега победи на фестивалот во Палм Спрингс (САД), а беше во конкуренција за награди на фестивалите „Санденс“ (САД) и Сиднеј (Австралија). Влијателниот филмски магазин „Варајети“ („Variety“) го смести филмот на Столевски меѓу десетте наслови што не треба да се пропуштат во 2022 година.
Краткиот филм на Столевски  „Види ја ти неа“, во кој главната улога ја толкуваше Сара Климоска, имаше голем успех на светските филмски фестивали и ја освои наградата за најдобар интернационален краток филм на „Санденс“ во 2018 година.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.