Театарот „Сенки и облаци“ за утре (28 септември) од 19:30 часот ја најавува „ЏИНче“ – театарска претстава за деца со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет.

Претстава за искреното другарство, кое сите предрасуди ги фрла во ‘сенка’. Ќе ве однесеме на една авантура низ градот на сладоледите, ќе пловиме со еден чуден капетан, ќе јадеме бурито во Мексико и ќе се дружиме со една откачена Лисица-Мисица“, стои во најавата.

Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон.

Претставата е наменета за деца над 4 години.

Задолжителна резервација во инбокс на ФБ-страната на театарот. Препорачана донација е 250 денари.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.