Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ утре е на репертоарот на Драмски театар. Урбаната драма која режисерката Зоја Бузалковска ја постави по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон, е театар во театар против предрасудите кон лицата со аутизам.
Тоа е претстава за различноста, за перцепцијата кон другоста, за тоа колку ние сакаме да ставиме некого во ваков или онаков фолдер, за тоа како ние сакаме да процениме некој за недоволно паметен, заостанат, конзервативен, вели Бузалковска.
Драматург е Александра Бошковска, сценограф Константин Трпеноски, костимографијата е на Елена Вангеловска и Раде Василев, кореографија и free running техниката на Симон Симоновски, а Давид Ангелевски за претставата креираше авторска музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.