Вечерва во Младински културен центар (МКЦ) е закажана премиерата на театарската претстава „Припаѓање“.

„Припаѓање“ е театарско излагање што се занимава со прашањето за грижата како концепт. Колку можеш да припаѓаш онаму кадешто не се грижат за тебе? Како се грижиме едни за други? Колку од нашата грижа е перформанс? Се обидовме да ги собереме нашите моментални увиди во едно дело со отворен концепт, кое го градиме на начин што дозволува негова понатамошен развој со секоја изведба. Веруваме во тоа дека нашите сознанија ќе растат со помош на заедницата за која се собравме да создаваме.

Играат: Нина Елзесер, Филип Миленкоски,  Сара Спиркоска, Дарко Ристовски, Ади Имери.

Авторка и режисерка е Хана Миленковска. Авторка и драматург е Калија Киселички. Продуцент на претставата е Дино Чупевски, кореографијата е на Бобан Русески, костимографка е Мила Спасовска, за дизајн на светло е задолжен Игор Митревски, графичкиот дизајн е дело на Матеја Николиќ, а композитор е Ади Имери.

Претставата е во продукција на „Атриум“, поддржана од Министерство за култура на РСМ, Младински културен центар, Општина Ѓорче Петров и МладиХаб.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.