Театарот при Дом на култура Кавадарци вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова.

Во претставата улогите ги толкуваат актерите Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова.

Претставата е поддржана од Министерството за култура и е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани за на 29 октомври и 1 ноември 2022 од 19:30 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.