Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп в петок, 15 јули 2022г., од 20.00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Круг“во режија на Јован Ристовски.

Претставата е работена по текстот „Дамата од Дебјук“ од Едвард Олби, што ќе биде праизведба во Македонија. Преводот од англиски и адаптацијата е на драматурот Лидија Митоска Ѓорѓиевска.

Претставата зборува за распадот, преку главниот женски лик Џо и машкиот Сем, како сопруг. Всушност Џо умира од рак. И внатре во текстот се зборува за распадот од болест, за распадот на еден брак, на заедница, на пријатели, говори за распад на еден театар, на системот во кој живееме. Претставата е трагикомедија која влегува во надреализам. Првиот чин говори за едно друштво, а во вториот се сфаќа дека с# не е убаво. Говори дека луѓето се станати безобзирни, себични и дека човештвото се наоѓа на раскрсница и дека треба да се преиспитаме – каде одиме. Никој не е свесен за маните и доблестите, освен ликовите кои доживуваат метафорично екаполипса. Секој крај носи нов почеток. Се надевам дека ќе стфатиме дека треба да одиме на подобро – изјави режисерот Јован Ристовски, кој првпат соработува со прилепскиот театар.

Актерката Даниела Иваноска, која го игра ликот на Џо посочи дека шретставата ќе не натера да се преиспитаме кој сме, каде сме.

Тоа гледање внатре треба да не направи луѓе, бидејќи покажавме колку сме ѕверови и безобзирни. Ми е жал што живееам во ова време и што оставаме на нашите деца. Можеби ќе има некаква промена, но ако продолжиме вака не одиме никаде. Ако не направиме како луѓе еволутивен чекор исто како да не сме постоеле – рече Иваноска.

Актерот Игор Трпчески, посочи дека материјалот е одличен, современа драматургија е иако е пишувана одамна.

Задира во она што ни се случува сега. Дека за жал се разединуваме. Пораките од претставата се надевам ќе добрат до публиката – изјави Трпчески.

Во претставата играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска. За сценографијата и за изборот на музика се погрижи режисерот Ристовски, а костимите се на Андреј Ѓоргиевски. Претставата финансиски е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.