Во Кинотека денеска премиерно ќе биде прикажан документарно – играниот филм „Фениксот од Кавадарци“, реализиран со финансиска подршка на Филмскиот фонд.
Сценарист и режисер е Мишо Нетков, а главен продуцент и монтажер Миле Петковски. Актер-наратор е Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, а камермани се Кристијан Теодоров и Георге Трајковски.
Филмот е сниман на повеќе локации во Скопје и Кавадарци. Филмот говори за Васил Хаџиманов, фармацевт по диплома, но музички образован, кој го владеел нотното писмо, свирел пијано и гитара и бил несекојдневен интерпертатор на изворни македонски народни песни. Благодарение на неговата дејност како собирач на народни песни зачуван е огромен фонд од македонското народно творештво со нотен и текстуален запис.
Васил Хаџиманов бил и златоуст пејач кој уште на почетокот на минатиот век бил особено популарен на многу балкански радио станици изведувајќи македонски песни на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.