Денеска во Младинскиот Културен Центар – MKЦ, во просториите на Кино Фросина, со почеток во 21:30 часот ќе се одржи премиерата на проектот „Безвременски прикаски” во кореографија и режија на Ирена Лозинска.

„Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.

Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти.

За визуелните ефекти е задолжен Видео арт, кој преку видео бим ќе создаде дополнителна сценска магија. Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација.

Учесници: Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ Бошков, Хакан Даци, Нела Павловска. Видео Арт: Доријан Миловановиќ.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.