Денеска Амбасадата на Јапонија во Скопје и Амбасадата на Јапонија во Тирана заедно со ЏАЈКА Алумни – Мак-Јамс организираат предавање за регионална заштита на Охридското езеро и промоција на туризам преку соодветно раководење на светското наследство.

Професорот Јамасаки Масафуми и г. Ичики Шигеказу ќе го споделат своето знаење за јапонските искуства на овие теми со учесниците на предавањето за Охридското езеро.

Воведен збор ќе имаат Амбасадорот Савада од амбасадата во Скопје и Амбасадорот Такада од амбасадата во Тирана. Настанот ќе го модерира проф. Ташко Ризов од Машински Факултет-Скопје и претседател на Мак-јамс.

Јапонија континуирано го поддржува развојот на капацитетите на македонските институции за третман на водите и животната средина преку програмите на ЏАЈКА (JICA). Во 2017 година Музејот на езерото Бива од Јапонија и Хидробиолошкиот институт од Охрид започнаа меѓусебна официјална соработка за двете езера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.