Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид.

Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме, се вели во соопштението на полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Виртуелниот споменик на Прличев беше оштетен и само два дена по неговото поставување, при што тогаш се обиделе да го украдат комјутерот. Тој беше поправен, а летово туристите имаа можност да „поразговараат“ со Прличев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.