Поштата на Србија изработи емисија на поштенски марки посветени на Нови Сад-Европска престолнина на културата. Марките ќе се користат во текот на цела 2022 година.

Нови Сад ја доби титулата Европска престолнина на културата, како прв град на кој тоа му успеало пред земјите кандидати за Европската унија.

Европската престолнина на културата е обележана со слоганот „За нови мостови“, кој ја претставува идејата за изградба на нови мостови на соработка и размена меѓу уметниците и организациите од Нови Сад и Србија со европската културна сцена, а во оваа титуларна година се очекуваат околу 4.000 настани и 400 проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.