Со средства од Министерството за култура, поранешното кино „Партизан“ во Битола ќе се реконструира во нов културен центар.
Станува збор за објект во централното градско подрачје, кој порано работеше во системот на Градски кина, а од 2006 година, со киното „Партизан“ стопанисува НУ Народен театар – Битола.
-Во тек е изработка на проектна програма за комплетна реконструкција на поранешното кино „Партизан“ со кое од 2006 година стопанисуваме ние, односно НУ Народен театар – Битола. Објектот е снимен од експертски тим кој ќе ги врши работите и работните задачи за адаптација, а откако се ќе заврши планираме да биде отворен нов културен центар во кој ќе се играат дел од театарските претстави на нашиот театар, но ќе се одржуваат и концерти, ќе се приредуваат изложби, кино проекции и други културни настани, изјави за МИА директорот на НУ Народен театар-Битола, Иван Јерчиќ.
Поранешното кино „Партизан“ кое битолчани го паметат и како култен културен центар на младите, а денес запуштен објект, ќе се обнови со средства од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.