Изложбата „Словенечки уметници – антологиски избор на графика“ ќе биде отворена денеска во КИЦ Битола. На изложбата ќе бидат изложени дела на еминентни словенечки графичари, автори од сите генерации кои со својата работа, стил и автентичен израз дале неповторлив придонес кон развојот на светската графичка уметност, за што ќе им биде доделена посебна Плакета за придонес.

Овој настан се оддржува по повод 31 година од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Словенија и е во заедничка организација на ЈОУ КИЦ Битола и Амбасадата на Р.Словенија во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.