Популус.

Илинденски денови

Народен театар- Битола

Петок, 22 јули 2022, 20ч. Влезот е бесплатен.

 

Кон средината на 18 век, во екот на европскиот романтизам, германскиот филозоф Јохан Готфрид вон Хердер пројавува интерес во локалните дијалекти на германската селска популација, како и во нивните приказни, митови и легенди. Свесен за социјалните и општествените норми на ова доминантно население, тој им се придружува на поголемата група на филозофи кои оваа група на луѓе ја насловуваат како volk, додека во Велика Британија се јавува поимот folk како превод на истиот термин. А која е оваа група на луѓе? Едноставно речено—народот. Колективното тело на заедницата. Но, уште побитно за европските романтичари—колективното тело на нацијата, истата онаа што за прв пат се раѓа низ овие идеи.

 

Меѓутоа ваквите идеи датираат уште многу одамна. На пример, латинскиот термин vulgus populus може да се толкува исто ко и “народот,” меѓутоа она што е водечко во овој перформанс е засебното значење на кованицата, односно: vulgus, однесувајќи се на примитивната и ниската класа во општеството, онаа која што се исповетува со автентичност и оригиналност и populus, односно сèвкупното население кое ја сочинува една нација. Базиран на ваквите дискурси, овој танцов перформанс има за цел да ги обработи, прекрши, видоизмени и истошти сите оние танци и движења кои се врзуваат со заедниците кои го населувале просторот на она што денес го викаме национална држава.

 

Овој перформанс претставува еден нов вид на танцово изразување, особено кога станува збор за начин на кој се презентира традиционалниот танц во државава, поаѓајќи од фактот дека од 1950 година, па сè до ден денес, не постојат нови правци на кореографирање и осовремување на традиционалниот танц кој низ годините бил диктиран од перформативните политики на националните установи. База и инспирација на кореографскиот опус се социјалните танци на Македонците, Албанците, Турците и Ромите кои се синтезирани во современ и оригинален продукт, сработен преку истражувачки процес во кои танчерите и кореографот имаа за цел да истражат што е тоа што ги спојува овие заедници, наместо да нагласи што е тоа што ги прави различни. Она што е исто така новитет во овој процес е взаемната соработка на танчери кои се занимаваат со традиционален танц, балет, и современ танц, кои за прв пат работат и танцуваат заедно и учат едни од други.

Режија и кореографија: Филип Петковски

Танчери: Теодора Ѓоргиева, Стефанија Маневска, Марија Саздовска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески и Балаж Лучеи.

Костимографија: Антонија Гугинска Јордановска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска

Музика: Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски, Љубојна, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, ДахаБраха, Мобајл Соул Систем.

Камера и фотографија: Марко Марјановиќ

Графички дизајн: Ивана Мојсовска

 

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.