Во Куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научната и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ.

На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, како и читање на негови песни во превод на македонски јазик од страна на Никола Маџиров и Игор Исаковски.

Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.