ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија организира „Саем на книгата 2023“ на кој ќе се претстават издавачки куќи присутни во македонското издаваштво: Три, Антолог, Матица, Култура, Феникс, Паблишер, Божилак.

Саемот ќе биде поставен на платото пред Народниот театар во Гевгелија и ќе биде отворен од 18-ти мај (четврток) до 23-ти мај (вторник) секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот.

Книгите од македонските издавачи ќе бидат достапни по специјални саемски цени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.