Денес почнува 22-то издание на меѓународниот арт фестивал Битола Отворен Град, познатиот полигон кој повеќе од две децении ја слави музиката, уметноста и волонтерството. 

Почетокот ќе го означат уметнички интервенции во јавен простор, во кој омразата на битолските ѕидови – ќе биде претворена во нови графити и цртежи на неколку локации. А ќе заврши со големиот музички хепенинг во сабота вечер во Градскиот парк во Битола на кој ќе настапи белградското етаблирано трио Репетитор, доаѓа бендот Арумбо од Барселона и битолчаните Лусент.

Младински културен центар – Битола, кој стои позади овој фестивал го трансформира градот во сцени за визуелни уметности, за настап на млади нови бендови, а предвидена е и програма со електронска музика со домашни и странски ДЏ-и која започнува од зајдисонце пред првaта знаковна кафетерија кај нас, Улаф сте, а завршува пред еден од историските објекти во Градскиот парк Битола – Соколана,кој досега не се користел за вакви настани.

Денес започнува Битола отворен град, денес Битола ја трансформираме во урбана уметничка сцена оживувајќи различни урбани простори, денес млади луѓе, менторирани од уметници ги претворија ѕидивите во уметничко платно. Настанот е инспириран од говорот на омраза на битолските ѕидови и претставува Уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи.“– изјави Маја Ангеловска, програмска менаџерка во МКЦ  Битола.

Покрај планираните бројни концерт и изложби на младиталентирани луѓе, волонтерството е алката по која сме препознати. Волонтерите се во центар на сите активности, на овој начин  правиме поврзување помеѓу новите генерации и стилови.

Битола Отворен Град ја одразува посветеноста на фестивалот за поттикнување на позитивна и инклузивна средина за сите, продолжувајќи ја мисијата да обединува локални и меѓународни таленти, поттикнувајќи меѓукултурна размена и промовирајќи го културниот дух на Битола – изјави Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.

Фестивалот е платформа за  храбра и независна мисла и упорен застапник за промена на културните обрасци во градот, земјата и регионот.

Големиот музички хепенинг е заштитен знак на фестивалот. Имаме одлична комбинација на 3 бендови од Барселона, Белград и Битола за потполно целовечерно уживање во урбаниот модерен звук.  Концертот ќе биде во Градскиот парк во Битола во сабота 24 јуни, со почеток во 20.30 часот. Сите настани на фестивалот се на отворени и алтернативни простори, без наплаќање на влезници и достапни за сите љубители на урбаната култура. Битола е отворен град за сите – изјави Златко Талевски Извршен директор на МКЦ-Битола. 

МЕЃУНАРОДЕН МЛАДИНСКИ АРТ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2023“
ПРОГРАМА

21 јуни 2023 – среда

09.00 – 12.00 – Уметнички интервенции во јавен простор
Омразата на битолските ѕидови – уметнички крик против говорот на омраза преку
графити и цртежи
Локации: СОУ Таки Даскало – Битола
ОУ Стив Наумов – Битола
Градинка Пролет – Битола

22 јуни 2023 – четврток

19.00 – 21.00 Пешачка зона Стара битолска чаршија
Golden Hour – the party starts now with DJ BERRYQYAT (Битола)
22.00 – 00.30 ТДК Партизан Соколана – Градски парк Битола
The Party Goes On!
DJ BOC.A – Битола, Македонија
DJ AVENSIS – Виница, Македонија
DJ JОЕ DIEM – Барселона, Шпанија

23 јуни 2023 – петок

11.00 – 15.00 Летна сцена во МКЦ – Битола
Изложба на цртежи, графики и фотографии од млади уметници
ДИМИТАР РИСТЕВСКИ
МИЛА ПЕТКОВСКА
АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА
ТАТЈАНА ЈОВАНОВСКА
ДАРКО ГУЛЕВСКИ

САНДРА КОРЛЕВСКА
МИХАЕЛА ВЕЛЈАНОВСКА
АНАБЕЛА МАРКОВСКА
– Our NATION is imagiNATION – графити работилница
АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА
ДАРКО ГУЛЕВСКИ
САНДРА КОРЛЕВСКА
ГАБРИЕЛА ЛАЗАРЕВСКА
НАТАЛИЈА ДИМОВА
– DJ КИКЕЦ
19.30 Скејт парк Градско шеталиште Битола
– Изложба на цртежи, графики и фотографии од млади уметници
21.30 – 00.00 Скејт парк Градско шеталиште Битола
– Концерт на музички групи:
EVEREST
TSAR VON TIME
SINFUL GLARE

24 јуни 2023– сабота

20.30 – 00.30 МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ – Градски парк Битола
ЛУЦЕНТ (Македонија)
ARUMBO (Шпанија/Белгија)
REPETITOR (Србија)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.