Јубилејното 30. издание на интернационалните студентски средби Скомрахи почнува денеска и ќе трае до 5 ноември под мотото „Не драматизирај“. Скомрахи се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски. Свеченото отворање е вечерва во Драмскиот театар во Скопје.

Освен театарски претстави, ќе има и работилници, изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и научна конференција. Ќе се изведуваат две претстави секој ден.

За отворањето и затворањето на фестивалот ќе бидат прикажани претстави од ФДУ со нивните студенти, а за на 2-ри, 3-ти и 4-ти предвидена е богата програма.

Четвртиот ден е предвиден за филмски маратон и офф програма, при што ќе има многу свирки, музика, бендови.

Директорот на фестивалот, Илија Циривири информираше дека на годинешното издание ќе се прикажуваат две претстави секој ден.

Во рамки на филмскиот маратон ќе се прикажуваат филмови изработени од студентите на Драмскиот факултет, меѓутоа и од студенти кои се од останатите академии кои учествуваат како гости на „Скомрахи“ – од Србија, Турција. Она што е особено важно за „Скомрахи“ е офф програмата, креирана од студентите и особено сум горд и среќен што оваа година студентите лично, активно и ревносно работеа околу ова, додаде директорот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.