Започна втората фаза на реконструкција и реставрација на еден од најначајните иконостаси во Македонија, во црквата Свето Благовешетение во Прилеп, кој е стар над 180 години, објави Сител телевизија.

Иконостасот е најголем во Македонија и е трет според непроценливата вредност, после иконостасите во црквата Свети Спас во Скопје и Бигорскиот манастир, а го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката.

Иконите на иконостасот ќе бидат третирани во друг проект, сега се заштитува само резбата. Ова е втор ваков поголем зафат за заштита на ова ремек дело кој се прави после реставрацијата во 80-тите години на минатиот век.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.