Нора Шаќири, поранешна директорка на Театар Комедија, вчера добила пресуда во нејзина корист поднесена против Министерството за култура, откако лани тоа ја разреши од директорската функција, со образложение дека вршела мобинг врз вработените.

Шакири тоа го објави и на својот фејсбук профил.

„Со реваншизмот кон мене се потопивте себе. Ова е моја победа, а ваш срам.Денеска ја добив тужбата / пресудата во моја корист која ја поднесов против Министерството за култура кое минатата година ме разреши со образложение дека сум вршела мобинг врз вработените во Театар Комедија и воедно сум прекршила закон односно во време на кампања за локални избори изреков мерка на колега кој 10 дена без никакво образложение не доаѓаше на работа.

Горда сум на себе, на сите оние кои веруваат во мене, на поголемиот дел колеги во Театар Комедија кои застанаа тогаш на страната на вистината и на мојот адвокатски тим. Правдата е спора но достижна. Ова е поздрав и за сите оние кои ликуваа и велеа еве и неа ја решивме. Запомнете Бени и Нора никогаш нема да ги скршите!, напиша Шаќири на својот профил на Фејсбук.

Не се откажувајте никогаш, бидете чесни, вредни. Да си човек, не е опасно, додаде Шаќири.

Министерството за култура, треба на Шакири да и ги надомести и трошоците за водењето на судската постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.