Премиерот во техничката Влада Талат Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно основањето на националната установа – Музички ансамбл на Република Македонија – Тетово.

– Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр, информираа вечерва од владината прес-служба.

Џафери информирал за очекуваното донесување на одлуката на Владата на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои сега се во државна сопственост.

– Со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Македонија и во оваа област од општествениот живот, истакнал Џафери



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.