Почина музичарот и композитор Џенгиз Ибрахим, соопшти Турскиот театар во Скопје.

Тој имаше 63 години и е еден од најзначајните претставници на турската култура во Македонија, како и еден од најреномираните балкански музичари кој свири на ориенталните традиционални инструменти канон, уд и саз, а работеше и како наставник по музичко во училиште во Чаир.

Самиот често велеше, дека успешно ја претставува синтезата на музиката алатурка и алафранга не само кај нас туку и на меѓународната платформа. Музиката изведена на сцената во претставите во нашиот театар секогаш ќе остане во сеќавањата“, велат од Турски театар.

Има соработувано со музичари како Влатко Стефановски, компонирано музика за театарски претстави, како што се „Женички“, „Баханалии“, „Црн Млив“, „Шехерезат и Шехријар – приказни од 1001 ноќ“, Кабаре „Оркестар‘‘ (Албански театар), „Баханалии“ (театар Војдан Чернодрински-Велес), „Ах љубов моја“ (Театар „Комедија“) и за легендарната претстава „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар-Скопје во режија на Коле Ангеловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.