Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976.

Творештвото на Никодиновски – Биш е богато. Покрај со театарска критика и есеистика, работел и како театарски глумец и продуцент, а бил и раководител на театри и фестивали. Како тетарски глумец, работел во театарот „Кај Свети Никита Голтарот” и тетарската работилница “ФФ (Зелена гуска)”. Исто така, тој има објавено голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на „Магор” излегла од печат и неговата книга „Алтернативниот театар во Македонија”.

Биш извршуваше повеќе раководни функции во областа на театарот. Работел во Македонскиот народен театар како продуцент и раководител на театарот Центар. Во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма. Во 2010 година бил прогласен за почесен претседател на МОТ и  бил еден од основачите и генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.