Јапонскиот писател и Нобеловец  Кензабуро Ое почина во 88. година од животот, соопшти денеска неговиот издавач „Коданша“.

Ое, кој ја доби Нобеловата награда за литература во 1994 година беше познат и како заговорник на јапонскиот пацифистички устав и борец против нуклеарната енергија, пренесува јапонската агенција „Кјодо“.

Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година Ое се занимаваше со темата хендикепирани деца во семејствата, бидејќи и самиот имаше хендикепиран син. Еден од неговите најпознати роман е „Тивкиот крик“ од 1967 година, дело во кое се испреплетуваат митови и историја на шумските села со современието.

Ое студирал француска литература на Универзитетот во Токио и уште во тоа време почнал да објавува приказни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.