Истакнатиот хрватски книжевен критичар, писател и есеист Игор Мандиќ почина во неделата, во Загреб, во 83 година од животот, објави медиумите.

Веста за смртта на Мандиќ на фејсбук ја објави книжевниот критичар Велимир Висковиќ.

Познатиот новинар, писател, антологичар, есеист и публицист Игор Мандиќ го одбележа хрватското новинарство во втората половина на 20. век. Беше долгогодишен соработник на многу телевизиски и радио станици, објавуваше социо-културолошки фељтони, есеи, полемики и книжевни критики. Добитник е на наградата на Хрватското новинарско здружение за животно дело во 2005 година.

Од 1970 година до денес објавил преку 30 книги, книжевни и музички критики, есеи, полемики, фељтони, разни текстови…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.