Почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77 годишна возраст.

Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други…

Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Од драмскиот опус се извдојуваат ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…).

Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“,„Маратонците го трчаат почесниот круг“.

За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на наградата за животно дело што ја доделува театарскиот фестивал.

Во богатата кариера на Мешковски се запишани неколку стотици ролји во радиодрами, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца :„Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“.

Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност натхсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други.

На социјалните мрежи неговата матична куќа Драмски театар се прости од Мешковски и најави одржување на Комеморативна седница на 28 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.