По долго боледување почина бардот на македонското глумиште, Димче Мешковски. Колеги и пријатели се простуваат од него преку социјалните мрежи. Актерот Игор Џамбазов, сподели една од најемотивни пораки и се збогува од својот колега и пријател.

Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари“, вели Игор во својата објава.

Мешковски беше роден на 31 октомври, 1945 година во Скопје. Имаше 77 години. Беше актер во Драмскиот театар – Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.