Во издание на една издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, од печат излезе најновата збирка песни „Убавите жени“ на авторот Зоран Пејковски, инаку негова 24-та по ред збирка песни, од вкупно 55 -книжевни дела.
Рецензентки на книгата се големи имиња во македонската книжевна и научна мисла, д-р Лилјана Пандева и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, кои од свој женски агол пишуваат за „Убавите жени“ .
Стихозбирката „Убавите жени“ се базира врз традиционално уиверзални проблемски јадра и комбинира архаична наративност, препознатлива како библиска поетичка линија, со богати поетски слики метафори и со ретки но особено ефектни звуковно значенски комбинирања на јазичниот материјал. Неговите поетски изблициво прв ред се доживуваат како сензуални и еротизирани, но во заднина избива продлабочена рефлексивност, која го поставува читателот пред низа прашалници и го повикува во мисловни авантури,пишува проф.д-р.Соња Стојменска Елсезер, претседателката на друштвото на писатели на Македонија и воедно есеист, критичар и теоретичар од областа на книжевноста.
Македонската писателка, раскажувач и романсиер д-р. Лилјана Пандева пишува:
Иако по вокација драматург, се чини дека во „Убавите жени“, Пејковски успеал комплетно да се нурне во поезијата. И тоа во чиста. Не дека во некои од овие песни го нема драмскиот елемент, но во „Убавите жени“ станува збор за чиста поезија.Како што всушност тој ја опишува жената. Можеби насловот на збирката можел да оди во еднина. Затоа што сите песни се за жената. За една жена, уште од нејзината прамајка Ева, тука наречена икона на универзумот“.
Претходно Пејковски ја објави збирката песни „Здивот на смртта“ односно преведена на хрватски „Dah smrtti“.
Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и редовен академик на Руската Федерација, а од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, France & Switzerland) е назначен за почесен амбасадор на мирот. Во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европска Унија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член е на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo) со седиште во Чиле од 2017., а тој е и почесен член на Сојузот на Украинските писатели од 2018 година. Член е и во друи писателски асоцијации и друштва.
Меѓу другото работи и како академски соработник и доцент по предметите „Театар и „театрологија“ на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, а еден период тој беше и асистен на ректорот Јордан Плевнеш. Автор е на над 20 драмски дела, потоа над 20 збирки песни, еден роман, четири научно-истражувачки книги од театрологијата и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.