„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август.
Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку реалистични што никого не оставаат рамнодушни со оглед дека „застрашувачки“ прецизно и реално ги претставува изразот на емоциите на лицето, ставот на телото, деталите…
Посетителите во куќата на Уранија можат да видат и нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик. Станува збор за идеја развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.
„Проектот „Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ (Обичен човек) на Башески, но овој пат во поинаков материјал. Изборот на материјали за овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот, посочуваат организаторите на изложбата.
Плевнеш со Жарко Башески, речиси две децении водел разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“. Делото, вели, би било подигнато на оваа планина на која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1.200 ноќни пеперуги.
Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетено! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, рече Венко Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.