На денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска демантираше дека новиот роман на Петар Андоновски, министерството не го поддржало поради освета.
Министерството за култура оваа година одлучи дека неговото дело „Страв од варвари“ треба да се преведе на албански јазик, да се зголеми бројот на публиката. Значи еден проект поддржала, а друг не. Тој е долги години поддржуван од министерството, но овој пат така одлучила комисијата, која немала влијание од мене. Што значи дека не е лична одмазда, дека министерката некаде го слушала и сега му се одмаздува, рече Костадиновска-Стојчевска.
Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во однос на нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.