Со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат ќе бидат изведени кај нас, Културно-информативниот центар во Скопје се вклучува во одбележување на Светскиот ден на пијаното кој ќе се случи на 9 мај, во (Салон 19:19) во 18 часот.
На сцената ќе зазвучат дела од Виталиј Неугасимов, Тимоти Браун, Брајан Филд, Мехрож Мухторов, Ратко Делорко, Алексеј Шор, Оскар Гигеле. Ќе биде одбележана годишнина, 150 години од раѓањето на Александар Скрјабин, а ќе бидат изведени и бисери на класиката.
Специјален гостин ќе биде современиот австриски композитор Оскар Гигеле, чие гостување е под покровителство на Австриската амбасада Скопје.
Светскиот ден на пијаното ја слави музиката од минатото и ја промовира нејзината еволуција. Денот на пијаното се одржува на 88-от ден во годината (29-ти март или 28-ми март во престапна година) како прослава и повикување на 88-те клавиши на пијаното. Празникот е изум на германскиот музичар и композитор Нилс Фрам, кој е познат по комбинирањето на класичното пијано со електронската музика, а го воспоставува 2015 година.
Настанот, кој се одбележува по шести пат во земјава, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На настанот ќе бидат доделени наградите за најнадежен млад пијанист од публика и од стручната комисија. Комисијата беше во состав: проф. д-р Марија Ѓошевска, м-р Даница Стојанова, м-р Светлана Димитриевска, м-р Марија Максимова и д-р Татјана Божиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.