Македонската пијанистка Ана Велиновска е добитничка на швајцарска стипендија, парична награда во вредност од 12.400 швајцарски франци како изведувач-специјалист за современа музика.

Станува збор за стипендија која најчесто се доделува на млади инженери и научници од Универзитет Цирих и ЕТХ Цирих, што секако претставува големо признание за талентот, посветеноста и инвентивноста на македонската пијанистка, која престижната стипендија ја освои како изведувач-специјалист за современа музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.