Хрватскиот музичар Дарко Рундек утре, на 14 септември, во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг Бенд Здружение на џез музичари ќе одржат концерт на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“.
На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.
Кога бев дете, на Радио Загреб, попладне имаше емисијата која се викаше „За Ваша попладневна разонода“. Имаше снимки од најголемите биг-бендови, популарна музика. Не бев некој фан, но сето тоа останало во мојата потсвест. Кога хрватскиот џез-оркестар ми ја предложи соработката, тоа беше на моја радост, остварување на сите детски соништа. Конечно, некои песни можеа да се реализираат во џез-варијанта, рече Рундек, кој кажа дека негови омилени песни на албумот се „Ти и ја“, „Чудне мисли“.
Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска.
Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.
Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек.
Соработката со Руднек е огромно задоволство, рече Гоце Стевковски од ЗЏМ.
Овој концерт доаѓа по настапот кој го имавме со Рамбо Амадеус и доаѓа како продолжување на таа квалитетна приказна што ЗЏМ ја има од почетокот. Уште пред две години ја планиравме оваа сорботка и супер е што сега се реалзира, рече Стевковски.
Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.
Илија Андреевски, генерален менаџер на „Екотип“, на денешната прес-конфренција кажа дека причината поради која „Екотип“ решил да застане зад Рундек е многу емитивна и дека тие, како фирма ги делат истите вредности како и Рундек кога станува збор за екологија, чиста животна средина и здрав начин на живот.
Пораснав со музиката на „Хаустор“ и Рундек. Уште од средношколските денови па до денес се пронаоѓав во текстовите. За мене не е тоа само музика, туку вредност и начин на живот. Но, и стремеж за подобра иднина и подобар свет. Низ текстовите на Рундек се пронаѓа и „Екотип“, делиме исти вредности, тоа сме ние, за мене немаше дилема. Она што утре ќе се случи во Фикхамронија е заокружување на сон од деството, рече Андреевски на прес-конфренцијата.
Тој кажа дека „Екотип“ за 25 години исфрлитрилале вода колку што е волуменот на Охридско езеро, преку декарбинизација, односно редуцирање на јаглероден отпечаток преку различни проекти имаат засадено дрва со површина на градот Виена.
Имаме партнери кои се добитници на Нобелова награда, рече Андреевски.
Од „Екотип“ велат дека размислуваат да ја продолажат оваа соработка и во некои проекти надвор од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.