„Мачката Елеонора“ со две нови изведби на 6 и 7 јуни во 20 часот во МКЦ Клуб. Перформансот „Мачката Елеонора“ е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, кој беше одбран на отворениот повик на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

Билетите се во ограничен број и можете да ги купите на www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.