В петок, на 4 октомври во 20 часот во големата хала на Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде изведен завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, „Како да убиеш пет ликови во претстава“.
Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра“ и „Тројанки“ на Еврипид и, како што велат, нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми.
Перформансот е во формат на отворена проба на која публиката има прилика да го следи начинот на подготовка за сценска изведба и активно да учествува во истата“, стои во највата.
Концептот и режијата се на Филип Петковски, проектен координатор е Стефан Момиќ. Во перформансот играат Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа Мачерол (Словенија) и Мира Јањетовиќ (Србија). Дизајнот на постерот го направи Ивана Мојсовска Головска.
Резиденцијата финансирана од страна на програмата „Culture Moves Europe“ вклучуваше отворен повик преку кој беа одбрани пет актери и танчери од Словенија, Бугарија, Србија и Косово кои посетуваа проби во времетраење од 22 дена, заедно со неколку македонски актери.
Пробите вклучуваа физички и танцов тренинг, како и вежби и комбинации од доменот на физичкиот театар и техниката Вјупоинтс, поттикнувајќи чувство за ритам, синхронизација и развивање на свест за сопственото и колективното тело. Тренингот е силно заснован на актерска импровизација која им дава можност на актерите да да бидат активни учесници во уметничкиот и креативниот процес. Резиденцијата има за цел да понуди практична и теоретска едукација, регионално вмрежување и можност за идна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.