Претседателот Стево Пендаровски денеска – 22.02.2023 година, среда, со почеток во 19:00 часот, во Чифте амам при Националната галерија на Република Македонија ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022.

На изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 ќе бидат поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела, ќе бидат изложени дела на наградени и селектирани уметници. На настанот ќе бидат доделени наградите за најуспешните автори, како и признанија на партнери и соработници на „Остен“.

Претседателот Стево Пендаровски утре – 23.02.2023 година, четврток, со почеток во 13:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, а во претседателскиот Кабинет ќе биде поставена изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.