Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата „22 Ноември“ им се доделува на педагогот проф. д-р Авзи Мустафа, и универзитетскиот професор Африм Османи.
Претседател на Одборот за доделување на наградата „22 Ноември“ е Решат Амети.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2024 година (петок) во 11 часот во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.