Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работаСо ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народна. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката.

Ова меѓу другото го истакнува раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Мелахат Парс, во разговор објавен во новиот број на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“.

Особено е важно што Катедрата и Лекторатот по македонски јазик и литература се отворија на најеминентниот факултет за јазици на Република Турција, основан од Мустафа Кемал Ататурк, кој, исто така, потекнува од Македонија. Во Турција има повеќе од 250 универзитети и не е лесно за кратко време да се отвори нова катедра“ – посочува Парс.

 Во однос на интересот за македонистиката во Турција и поконкретно во Анкара, нагласува дека е голем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.