Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик.

Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор.

„Папокот на светлината“ е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“, што Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на  руското јазично подрачје.

Во рамките на тој проект досега беа објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.