Вечерва започнува фестивалот на монодрамата во Битола. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12:00 до 15:00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест.

Монодрамата е широк поим, кој што опфаќа еден човек на сцена, а сцената секаде може да се случи. Оваа година имаме гости, колеги, актери, пантомимичари од „Статуа фест“. Мојата идеја како директорка на фестивалот е да ја фузираме и да ја привлечеме битолската публика, бидејќи имавме две тешки пандемиски години, каде што публиката во салите беше во намален број и ова е една идеја, за оние кои што точно не знаат што е фестивалот на монодрамата, преку нашите колеги-статуи, да разберат дека станува збор за еден човек на сцена, а од другата страна, самите статуи се многу атрактивни, има вакви примери низ сите поголеми градови низ Европа, така што му дава едно освежување, еден нов ветер на фестивалот и јас се надевам дека почетокот на оваа соработка е оваа година, а дека ќе ги има се почесто во Битола, како атракција, бидејќи веќе гледаме дека битолчани застануваат, се сликаат и се инспирирани од она што го гледаат, а тоа се нашите колеги, ние ги делиме нашите флаери со програмата од фестивалот и тоа е и покана за битолската публика да го проследат во наредните седум дена 23 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој се случува во организација на Центарот за култура вели директорката Маја Андоновска-Илијевски за Тера телевизија.

Вечерва од 20 часот е свеченото отворање на фестивалот со МНТ-Скопје, Македонија, „ САМО ГЛАС“ , автор Нина Плавањац, режисер Марјан Неќак, актер Звездана Ангеловска.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.