На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, соопшти НОБ.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт-мајстор Верица Ламбевска и хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.
Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети-Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук од Англија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.